Рано изутрината околу 04:50 часот избувнал пожар на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ во скопската населба Маџир Маало при што опожарени се едно возило голф и две дрвени бандери.
Полицијата соопшти дека возилото е сопственост на Б.А. (76) од Скопје.
Пожарот е изгаснат во 05.25 часот од страна на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.