Три возила се опожарени синоќа во 21:56 часот на ул.„23 Октомври“ во Скопје, соопшти полицијата.
Опожарени се возилата “Фолсваген Шаран“ сопственост на А.Б.(33), “Пежо 308“ сопственост на А.Н. и „Форд Фиеста“ сопственост на А.Ј.(76) сите со скопски регистарски ознаки. Возилата се изгаснати од екипи на Бригада за противпожарна заштита. Увид на лице место полицијата ќе изврши во текот на денешниот ден.