Возило џип „мерцедес“ со скопски таблички ноќеска е опожарен на улицата „Миладин Поповиќ“ во Скопје.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека возилото е сопственост на А.Р (56) од Скопје.
Возилото е опожарено околу 01:30 часот и во гаснењето на пожарот интервенирале четворица пожарникари.
Причинета е материјална штета од околу 150 илјади денари.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.