Опасната хемикалија од дворот на Охис е подготвена за транспорт

Од:

Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно информациите добиени од компанијата „Екоцентар 97“ ДООЕЛ, Скопје,и извршените вонредни инспекциски надзори на Државниот инспекторат за животна средина дека е завршено безбедното преточување во нова цистерна на винилхлорид мономерот кој што се наоѓа во кругот на поранешниот индустриски комплекс „ОХИС“.

Активноста ја реализираше компанијата „CURIUM“ од Франција, која има долгогодишно искуство и е специјализирана во преточување на ваков вид на опасен отпад. Во периодит на реализација на активноста беа запазени сите безбедносни прописи. Следува фаза на транспортирање за што се обезбедени сите потребни документи, а се очекуваат точните датуми на транзит на цистерната со опасен отпад низ од државите до конечната дестинација- Германија.

До 2 март 2020, реализирани се три од вкупно пет планирани извози на опасен отпад спакуван во соодветна амбалажа за меѓународен транспорт. До сега се извезени околу 55 од вкупно 80 тони опасен отпад кој веќе е пристигнат и предаден во Валорек Сервисис АГ Базел, инсенератор во Швајцарија каде што на безбеден начин ќе се уништи.

Останатите количини на хемиските супстанции се безбедно спакувани во соодветна амбалажа и се очекува во текот на наредните две недели успешно да се транспортираат и извазат од земјата. По завршувањето и на последната активност за преточување и соодветно пакување на винилхлорид мономер, како и негов извоз во Германија, во компанијата „SUEZ“ (Sonderabfallgesellschaft mbH, Schkopau, Germany), која поседува дозвола за горење на опасен отпад, ќе бидат реализрани сите активности предвидени со проектот “Безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС Скопје”, спроведуван од компанијата Екоцентар 97 ДООЕЛ, Скопје.

Би можело да ве интересира

Пожар избувна во ОХИС, гори оџак и дрвна маса

Орце Костов

Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС се испратени на уништување во Франција

Катерина Ѓуровски

Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од нашата државата

(ВИДЕО) Ковачевски: Со отстранувањето на линданот од „ОХИС“ ги решаваме наследените еколошки проблеми

Ана Ололовска

МВР: Пожарот во „Охис“ го предизвикало лице што ја заварувало оградата, ќе следува пријава

Мери Јордановска

Нема опасност од линданот, пожарот во „ОХИС“ локализиран