Опасна хемикалија се излеа од цистерна од „Охис“

Од:

Од цистерна во фабриката „Охис“ се излеала високо токсична и опасна материја. Во моментов во фабриката има големо присуство на полиција и противпожарно возило, а се уште нема официјални податоци за тоа за каква материја станува збор и колку е таа опасна по здравјето на граѓаните.

Забранет е влезот за новинарските екипи во фабриката, а неофицијално, двајца од вработените биле изнесени со брза помош од фабриката.

Од кругот на фабриката се шири непријатна миризба, но никој од присутните засега не дава подетални информации за тоа што се случило.

Извори за „А1он“ потврдуваат дека во фабриката настанал хаос откако од цистерна се излеала хемикалијата, а најверојатно станува збор за метанол и во моментов се интервенира за да се санираат штетите.

Би можело да ве интересира

Пожар избувна во ОХИС, гори оџак и дрвна маса

Орце Костов

Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС се испратени на уништување во Франција

Катерина Ѓуровски

Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од нашата државата

(ВИДЕО) Ковачевски: Со отстранувањето на линданот од „ОХИС“ ги решаваме наследените еколошки проблеми

Ана Ололовска

МВР: Пожарот во „Охис“ го предизвикало лице што ја заварувало оградата, ќе следува пријава

Мери Јордановска

Нема опасност од линданот, пожарот во „ОХИС“ локализиран