ОМД: Македонија да се повлече од апсурдните преговори за името

Од:

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) го повика македонскиот претседател Ѓорге Иванов формално да го информира Советот за безбедност и Генералното собрание за време на неговиот говор во рамките на 69-тото Генерално собрание на Обединетите нации, дека Македонија ќе се повлече од, како што наведува „фарсата од преговори за името“.

– ОМД недвосмислено верува дека се додека Македонија не преземе ваков чекор, елементите на меѓународната заедница ќе продолжат да му се закануваат на идентитетот и правото на национална држава на Македонија како преговарачки ирелевантни. Тие не се ниту едното, ниту другото. По осум години на непопустливост на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, во голем дел поради противењата на Грција за името на Македонија и последните бугарските разговори за т.н. „добрососедски” односи, ОМД не гледа никаква корист од продолжување на овие бесмислени размислувања, велат од организацијата со седиште во Вашингтон, која ги претставува Македонците од дијаспората.

Според ОМД, Македонија е признаена од повеќе од 135 земји во светот, а преговори за името, сметаат, се неприфатливи за долгорочно подобрување на Република Македонија. Наместо тоа, велат, македонското раководство треба да ја рефокусира својата енергија на градење подлабоки врски со земјите што сакаат да се вклучат во продуктивни односи, кои ја зајакнуваат економијата и безбедноста.

– ОМД смета дека иднината на Македонија лежи во нејзините дејствија и не можат да бидат преговарани ниту диктирани со економски заплашување на што бевме сведоци во текот на изминатата деценија. Македонија треба да достави официјално барање на Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН да гласаат за промена на употребата на привремената референца „Поранешната југословенска Република Македонија” во Обединетите нации во „Република Македонија“, посочуваат од ОМД.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

ОМД бара Ескобар да се заложи за правата на Македонците во Бугарија

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on