ОМД го поздрави враќањето на македонскиот топоним Пустец

Од:

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздравува едногласната одлука на албанскиот Парламент да се врати името на Пустец што претходно беше именуван како Лиќенас, во Мала Преспа (Албанија).

ОМД му честита на македонското малцинство во Албанија за одлуката и се надева дека албанските власти ќе го следат примерот на Пустец и ќе ги вратат топонимите на останатите осум села во Мала Преспа, како и во регионите на Гора и Голо Брдо каде што Македонците се мнозинство, соопшти ОМД.

Претседателот на ОМД Методија Колоски  оцени дека одлуката на албанскиот Парламент е чекор напред кон доделување целосни малцински права на Македонците во Албанија, но посочува дека сепак има простор за уште  подобрувања во таа насока.

– Претците на мојот татко потекнуваат од Корча кое се наоѓа во близина на Пустец, и лично знам во какви услови живеат Македонците во Албанија.  Живеат во сиромаштија и со многу малку економски можности за развој во областа, изјави Колоски, кој во декември лани беше во посета на Пустец.

Во јули годинава ОМД ќе организира посета на Пустец и на областа како дел од својата четврта глобална конференција на ОМД по повод 100-годишнината од потпишувањето на Букурешкиот договор.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек