ОМ: Зврлевски е марионета на власта

Од:

Обединети за Македонија го осудува вчерашниот настап на Марко Зврлевски, во улога на Главен јавен обвинител на Република Македонија.

„Самиот презентираше и факти, а тоа се неговите конфузни изјави во емисијата на Телма, Топ тема, особено изјавата дека не навлегува во приватните разговори на Јанкуловска и Ставревски, кога тие го “вртат” како марионета при затворање на кривични предмети.

Тој јасно рече дека незнаел зошто не реагирал и не ги гонел именуваните, и покрај тоа што се мајтапат и злоупотребуваат висока јавна функција.

Со ова тој покажа дека не е свесен во која држава живее и што во моментов и се случува на Македонија.

По се изгледа, а особено со изборот на Специјалниот јавен обвинител, Јанева, тој не е свесен дека во него воопшто нема никаков кредибилитет.

Сувопарните одговори кои постојано ги рецитираше во текот на интервјуто, јасно говори дека има огромен страв. Исплашените мимики на неговиот студен лик, само наговестуваат допрва отчет за тоа што го изработил во последниве години“, стои во реакцијата на Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

Почина Марко Зврлевски

Ландов

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска