ОМ: Три години нашите мисли се насочени кон Идризово

Од:

„Три години нашите мисли се насочени кон Идризово, во занданите каде што нашиот лидер, брат Љубе, неправедно го откинаа од нашето ткиво – Обединети за Македонија. Ние сме единствената политичка опција поврзани со судбината на својот народ и држава, држава замрачена во безбедносно – политичко битисување и народ во тешко животно опстојување.

Го откинаа во моментот кога имаше желба, моќ, визија да ја доближи  Македонија до НАТО и ЕВРОПА, да го подигне животниот стандард,  достоинствен во времето во кое живееме.

Копајте по сите домашни и странски институции, домашни и банкарски сметки, ќе го најдете само Љубе со своите мисли и дела втаен во судбината на својот народ и држава. Единствено што ќе најдете се четири години притвор во Хашките зандани за одбрана на Македонија со ослободителна пресуда.

Никој  и никогаш неможе да уништи онолку колку што  Македонија може да роди, створи, одгои, имала, има и ќе има славни чеда свои.

Горди сме што си еден од нив ПРЕТСЕДАТЕЛЕ“, се вели во соопштението на ОМ, по повод поминати три години откако беше уапсен во Скопје.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска