„Обединети за Македонија како и во изминатиот период ја повторува својата поддршка за Законот за амнестија, и покрај тоа што сегашната иницијатива ја оценуваме како малку задоцнета, сепак укажуваме дека со истиот ќе бидат искорегирани многу неправди нанесени и на поединци кои контрираа на режимот.
И покрај непостоечките докази и лажни сведоци Љубе Бошкоски, доби неправедна пресуда, а со тоа и класификација на политички затвореник. Но, ова не е единствениот случај. Во македонската судска пракса има многу поголем број. Затоа со амнестијата оваа неправда ќе ги врати работите во нормала.
Поддржуваме секакаква активност во тој правец, вклучувајќи го и референдумот“, се вели во соопштението на Обединети за Македонија.