Четири години самување за Македонија оделен, од твоите најблиски, ти го одзедоа правото да ја црпиш својата енергија од твојот роден Челопек, од Македонија, те одвоија од нашата Обединети за Македонија и 150,000 верни подржувачи што ти ја дадоа довербата на претседателските избори.
Тебе, што уште на крајот на 80-тите години го послуша својот инстинкт за самостојна и независна Македонија, што во 90-тите те следеа и отворија досие за твоите јасни политички погледи за Македонија, тебе кој во 2001-та го бранеше уставот и територијалниот интегритет на својата држава и безбедноста на твоите граѓани. Тебе, кој не дозволи паравоени криминални структури да прават ршум низ Македонија, како во другите републики при крвавиот распад на СФРЈ. Тебе, кој пред меѓународниот суд за воени злосторства ја докажа својата невиност, затоа што имаше капацитет да го изградиш кодот на висок морал и правичност при непријатните настани во нашата Македонија.
Но, уште при слетувањето на скопскиот аеродром започна ужасен прогон против твоето политичко дејствување и твоето право на слобода и тоа од една мала група рѓави патриоти, што единствено умееја да се здружат, да ја окупираат идејата на ВМРО обновена во ДПМНЕ од чесни патриоти, да го експлоатираат кадровскиот потенцијал и да ги дискредитираат со потпишани бланко оставки и меници од по 300.000 евра, со една и единствена цел – да се опљачка и разнебити Македонија.
Почитуван претседател, правдата е спора, мачна и тешка но излегува на виделина. Слобода за Брат Љубе, слобода за сите политички и неправедно осудени.
Да живее Република Македонија со модерен европски економско – политички систем, слободни, среќни, богати граѓани, ентузијасти кој почитувајќи ги другите , себе си се вреднуваат, велат од партијата Обединети за Македонија.