Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Од:

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ Орце Камчев и поранешниот портпарол на МВР, Иво Котески се повикани да сведочат на наредното рочиште за „Тортура“, на 20-ти јуни, кое се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Во еден од нелегално прислушуваните телефонски разговори кои во јавноста беа објавувани од страна на непознати лица новинарката Трајковска во разговор со Камчев му вели на бизнисменот да му пренесе на тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков дека не и се допаѓа апсењето бидејќи е уште веднаш по избори.

Овој разговор беше пуштен во Кривичниот суд како дел од доказната постапка за случајот „Тортура“.

-„Не ми се допаѓа ова, да му кажеш на пријателот твој, уште прв ден по избори“, вели Трајковска во разговорот, но во следен разговор таа го одобрува апсењето, бидејќи, како што вели, Бошковски извршил кривично дело.

Во случајот „Тортура”, покрај ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, обвинети се и поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Љубе за пресудата: Сите видоа како ми ставаат пиштол на образ, а за судот нема тортура

Анита Петровска Рајковиќ

Апелација ја потврди ослободителната пресуда на Мијалков за „Тортура“

Катерина Ѓуровски

Вишо обвинителство бара Мијалков да се ослободи за „Тортура“ – жалбата на колегите од ОЈО да се одбие

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов