ВИДЕО: Околу 350.000 евра ќе чини основниот проект за Универзална сала

Од:

Министерството за култура распиша тендер за изработка на основен проект за Универзална сала.

Услугата ресорното министерство ја проценело на 21.186.441 милиони денари или приближно 350.000 евра без вклучен ДДВ.

Во деталниот опис на бирото за јавни набавки за видот на договорот за јавна набавка стои:

„Архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани научни и технички советодавни услуги; услуги за технички испитувања и анализа“

Новиот изглед на Универзална сала ќе биде во форма на јајце, а идејното решение пред јавноста го презентираа градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

На конкурсот пристигнаа 10 проекти а беше избран оној на авторот Стојан Павлевски од архитектонското студио „Стоун дизајн“.Претседател на комисијата за избор на архитектонското решение беше архитектот Вангел Божиновски.

Idejni resenija za izgled na Univerzalna sala (2)

Новата Универзална ќе се гради со пари од буџетот на Министерството за култура и од град Скопје. Министерката за култура лани пред новинарите не одговори колку би чинела новата градба.

US nov konkurs - pobednik 0101

„Не можам да кажам колку би чинел проектот, бидејќи сега ќе се избира фирма за проектирање. Имаме обезбедено средства од буџетот за изградба на Универзална“, рече Канческа Милевска.

Novo arhitektonsko resenje Univerzalne sale u Skoplju

И Трајановски и Милевска лани посочија дека во текот на 2014-та ќе почне изградбата на новата Универзална сала. Засега од најавената градба нема ништо освен тендер за изработка на основен проект.

univerzalna-sala-jajce-640x320

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски