ОЈО Струга поведе постапка против четири угостителски објекти за непочитување на здравствените протоколи

Од:

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против четири угостителски објекти кои послужувале гости спротивно на здравствените мерки и протоколи, односно дозволиле на маса да седат повеќе лица кои не се семејство, послужувале гости и во внатрешниот дел и работеле по 22 часот.

Обвинителството бара изрекување казни од по 3.000 евра за четири физички лица – управители и по 5.000 евра за четири правни лица – угостителските објекти.

– Физичките лица, како управители на различни угостителски објекти, не постапиле согласно одлуките на Владата на Република Северна Македонија за спречување и сузбивање на заразната болест предизвикана од КОВИД-19, па во одделни кривично правни настани послужувале гости спротивно на мерките, односно дозволиле на маса да седат четворица иако не се членови на едно семејство, послужувале гости во внатрешен дел од угостителските објекти, како и бидејќи работеле по 22.00 часот, иако било воведено ограничување на работното време, се вели во соопштението од ОЈО.

Со поднесените предлози за издавање казнени налози, обвинителството од Судот за сторителите побара да им биде изречена парична казна и тоа, за обвинетите физички лица – управители во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во вредност од 30 евра во денарска противвредност, а за секое од правните лица – угостителски објекти парична казна во висина од 5 000 евра во денарска противвредност.

Сите се товарат дека го сториле кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Лавина од реакции по потпишувањето на протоколот со Русија: Ова е обид да се дисциплинира Србија

А1он

Европратеникот Ковачев: Историските препораки се задолжителни услови во преговарачката рамка

A1on

Бујар контра Османи: Како министерот седум дена манипулира дека „утре“ ќе го објави протоколот

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Маричиќ го демантираше Османи дека протоколот е усогласен со Генчовска

A1on

(ВИДЕО) Османи: Ако владата го усвои предлогот, јас брзо ќе го потпишам протоколот со Бугарија

A1on

(ВИДЕО) Ковачевски: Со овој предлог сме во далеку поповолна позиција

A1on