ОЈО Прилеп започна постапка против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги

Од:

Основното јавно обвинителство Прилеп по поднесена кривична пријава започна постапка против едно лице од Прилеп.

На осомничениот, како што соопштија од ОЈО му се става на товар дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 од Кривичниот законик.

„Осомничениот неовластено заради продажба во својот дом држел 43,85 грама наркотична дрога марихуана и 4,29 грама семки од наркотична дрога марихуана, кои при извршен претрес од страна на полициските службеници биле пронајдени и одземени“, се наведува во соопштението на ОЈО.

Како што наведоа од обивнителството, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп поднел предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.

Би можело да ве интересира

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана