А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ОЈО: Поднесено обвинение против 26-годишник за поседување оружје и дрога

by А1он24/01/2019 - 16:10230
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје до Кривичниот суд достави обвинение против 26-годишно лице кое се товари дека сторило кривични дела – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Добивај вести на вибер

-При претрес во домот на обвинетиот на 5.12.2018 година било утврдено дека тој неовластено заради продажба кај себе држел разновидна наркотична дрога. Притоа од страна на припадниците на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје биле пронајдени и одземени: 448,95 грама марихуана, 389,17 грама хероин, 66,73 грама хашиш и 1,79 грама кокаин во различни пакувања, различни видови таблети како и неколку дигитални ваги со остатоци од различна наркотична дрога, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинетиот кај себе неовластено држел и огнено оружје – еден револвер марка Astra Cadix од шпанско производство, како и еден пиштол марка Ekol Special 99 со рамка кој бил пренаменет во огнено оружје. Кај него биле пронајдени и вкупно 199 куршуми од различен калибар и за различни огнени оружја, еден пар лисици, три фантомки и три панцири.

Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи заради кои на обвинетиот првично му беше определена мерка притвор, па до Судот достави и предлог за продолжување на притворот со цел обезбедување присуство на обвинетиот и непречено водење на кривичната постапка.

drogahronikaojooruzje

Би можело да ве интересира

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:29

Американски разузнавачи: Кина се подготвува да испорача оружје на Иран и покрај прекинот на огнот

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 09:26

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Катерина Ѓуровски09/04/2026 - 14:00

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Предраг Петровиќ07/04/2026 - 20:07

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Катерина Ѓуровски06/04/2026 - 14:51

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

Горан Наумовски04/04/2026 - 18:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто