ОЈО Битола отвори истрага за пронајдено оружје и муниција во Жабени

Од:

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен жител на Жабени за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот, на 12 мај, во неговиот автомобил држел пиштол марка „Застава“ со калибар 6,35 мм и шест куршуми за тој пиштол. При претрес, пак, во неговиот дом во Жабени биле пронајдени и една автоматска пушка со калибар 7,62 мм и 15 куршуми од тој калибар. Оваа пушка претставува оружје чие набавување и поседување е забрането за граѓаните, се вели во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител предложил на осомничениот да му биде определена мерка притвор, а судијата на претходна постапка го прифатил предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.​​

Би можело да ве интересира

Споменик на Јонче Христовски поставен во Старата чаршија во Битола

А1он

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Катерина Ѓуровски

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он