ОИК Куманово: Во Куманово на три избирачки места гласањето прекинато, не функционирале убиг апаратите, на едно изгубен печат

Од:

На две избирачки места во Куманово поради нефункционирање на УБИГ апаратите не се отворени навреме избирачки места, во едно место 1090 изгубен е печатот, информираа денеска од ОИК Куманово.

– Утринава во Куманово беа отворени 164 од вкупно 167 избирачки места. Три не беа отворени. 1075 од причина што УБИГ апаратот не беше во функција подолго од три часа, и покрај сите обиди да се донесат нови. Исто така и за избирачкото место 1100, додека во избирачкото место 1090, изгубен е печатот. На овие места според моите информации не е продолжено гласањето во текот на денот. Се чекаше одлуката на ДИК за прекин на гласањето и гласањето ќе биде повторено, изјави претседателката на ОИК Куманово, Елизабета Стојковска.

Во однос на останатите места нема некоја посебна забелешка освен за УБИГ апаратите во некои места.

– На гласачките места нема забелешки обично кога УБИГ апаратот кога не го регистрира фингерпринтот, но постои начин да се гласа со лична карта доколку избирачот си е запишан во избирачкиот список, си го остварува правото на глас, изјави Стојковска.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Катерина Ѓуровски

Почна дистрибуцијата на избирачкиот материјал од битолската печатница

За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи

Сиљановска од Струмица: Оттука ќе тргне политичкиот вулкан и ќе стави крај на феудалните енклави на замислените европјани

А1он

(ВИДЕО) Гаши: Во идната влада, „Влен“ е гаранција за уставните измени

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски