Охриѓанката која повика да се запалат Евреите ќе одговара кривично за ширење расизам и ксенофобија

Од:

Охридската полиција ќе и поднесе кривична пријава на 38-годишната охриѓанка за која „А1он“ објави како повикува да се запалат Евреите кои престојуваат во Охрид сосе хотел. Таа денеска дел од денот помина во полициска станица, а коментарот кој го објави сега е избришан. Пред службениците, признала дека самата го напишала коментарот под вест за пристигнување на Евреите во Охрид.

„Во текот на вчерашниот ден на социјалната мрежа Фејсбук поставила содржина со која извршила кривично дело ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем казниво по член 394-г од КЗ. По целосно документирање на случајот до ОЈО Охрид ќе биде поднесена кривична пријава“, велат од МВР за „А1он“.

Полицијата уште вчера, доцна попладнето, започна со преземање на активности за да ја пронајде охриѓанката, а откако таа напиша: „Море не само сектата, запалете го и хотелот сосе сектата“.

Ова е прва реакција и кривична пријава откако Евреите, кои во Македонија ги нарекуваат „сектата Лев Тахор“, се прогонувани во Куманово, Скопје и Охрид. Дел од видеата кои се објавувани од нив по социјални мрежи иако ти барале да не бидат снимани – сега се избришани. Во сите три градови каде престојуваа, тие се непожелни гости. На социјалните мрежи постојат заговори за нивната религија, кои се непотврдени.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР