ВИДЕО: Повици да се запалат Евреите сосе хотел се шират на социјалните мрежи, откако тие се преселија во Охрид

Од:

Сменија три града и исто толку, нo можеби и повеќе места за престој. Групата Евреи, кои во Македонија ги нарекуваат сектата Лав Тахор, сега се во селото Лакочереј, место оддалечено шест километри од Охрид.  Како и секаде претходно, тие не се добредојдени и таму, иако се сместени во платено приватно сметување. Ретко кој од мештаните има разбирање за нив.

Иако досега живееја тивко и бараа само мир, сепак,  многумина се плашат од нив. На социјалните мрежи постојат заговори за нивната религија, кои се непотврдени. Откако се во нашата држава, тие беа прогонувани и во Куманово, но и во Скопје, што веројатно е причина за нивната нова преселба. Сепак, од полицијата велат дека тие се привремено тука, со регулирано сместување.

„Лицата за кои прашувате ги почитуваат законите на Република Северна Македонија,  имаат легален престој тука и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме за толеранција и солидарност кон истите“, велат од МВР.

Под вестите каде што е објавена локацијата на Евреите има и коментари во кои се повикува тие да се запалат живи: „Море не само сектата, запалете го и хотелот сосе сектата“.

На социјалните мрежи има и позитивни коментари кога се овие 38 Евреи во прашање. Кај дел од медиумите кои ја објавија веста има и критики, па се вели: „Многу важна вест, браво, јас видов и студенти од Африка кога имавме едно време“, „Немам коментар, оставете ги луѓето на раат! Не знам што ви пречат. Ние цела Европа пустош ја направивме и уште нѐ трпат со работа, смештај и сѐ. Остајте ги луѓето. Секој има право да си верува во што сака“, „Зошто да ги бркаат луѓето ако никому не пречат? Каков е овој фашизам?“

Од Евреите кои престојуваат тука се објавуваат и видеа на социјалните мрежи како што е „Тик-ток“. Извесен лик кој е потпишан како „Мујо“,  споделил видео од нив со ознака „хорор“, каде се снимени дури и во затворени простории. Од снимката може да се види дека тие се бранат, бидејќи не сакаат да бидат фотографирани.

@mujoo000 #viral #macedonia #foryou #horor #viral ♬ Amityville Horror – Scary Halloween Sound Effects – Halloween Sound Effects

Во второ видео, тие се снимени по улици. Снимката е објавена со морничава музика.

@mujoo000 #viral #attackpoliceofficer #foryou #viralvideo #macedonia #horor #viralvideo ♬ Creepy and simple horror background music(1070744) – howlingindicator

„А1он“ се обрати до МВР за прогонувањето на Евреите. Оттаму ги следат сите објави по кои постапува Секторот за компјутерски криминал.

„Секторот за компјутерски криминал презема мерки и активности за ваквите објави кои имаат елементи на кривично дело“, посочија од полицијата за „А1он“.

Би можело да ве интересира

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

(ВИДЕО) 60 лица се уапсени откако толпа упадна на аеродром во Русија и бараa Евреи

Горан Наумовски

Еврејската заедница ќе го одбележи Јом Хашоа – Националниот комеморативен ден на Израел

Ана Ололовска

Десница: Длабока почит кон македонските Евреи

Ана Ололовска

Поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако по повод 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи

Ана Ололовска