Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи – Левица со барање за инспекциски надзор

Од:

Левица инфорамира дека деновиве од група граѓани добиле информации за узурпација на охридското крајбрежје со поставување лежалки, педалинки, тезги и друга урбана опрема.

Левица поднесе Барање за вонреден инспекциски надзор до Управата за јавни проходи, Комунална инспекција и Пазарна инспекција за да се утврди дали поставените лежалки, чадори и летни реквизити од баровите на плажите е согласно со законите за доделување концесии во Република Македонија.

Потсетуваме дека пред неколку месеци, пред почетокот на летната сезона, Политичката партија Левица реагираше поради градежни зафати на самиот езерески брег кај Канео и поднесе Иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор. Од инспекциската служба доби одговор дека се гради од „непознат сторител“ што е јасен сигнал дека и инспекциските служби се соучесници во организираното заробување на Охридското Езеро од страна на концесионерите, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски