Охридското Езеро дожиевало неколку цунамија

Од:

Во далечното минато Охридскот езеро преживеало неколку помали цунами за што говорат одредени тектонски пореметување на дното, кажа на презентацијата на проектот за истражување на езерското дно главниот истражувач, Германецот Берн Вагнер.

Во мометов се дупчи на најдлабоката точка и тоа на 680 метри. Врз база на тоа ќе се добијат информации за староста, за видовите еволуцијата. Подоцна Лин и Пештани беа одбрани затоа што на овие места се смета дека имало одредени тектонски поместувања предизвикани од мали цунами и кои придонеле за промена на самиот терен. Струга и Черава се одбрани затоа што во Струга е најсеверната притока во Охридското Езеро Влијаниeто пак на изворите во Св Наум ќе бидат од големо значањето за разултатите кои ќе ги добиеме со овој проект, објасни германскиот експерт и главен истражувач Берн Вагнер.

Проектните активности треба да траат од 60 до 75 дена од 1 април до 17 јуни 2013 год..Опремата која ќе биде користена при дупчењето е со сите потребни сертификати за квалитет и безбедност”,кажа Сузана Патчева,директор на Хидробиолошкиот завод во Охрид.

Во Охрид велат дека истражувањата се под контрола и од македонска страна.

Немаме целосна 24 часовна контрола, односно немаме присутен човек 24 часа од Хидробилошки на платформата.Но,затоа имаме наш човек цело време кој е во функција на логистичка поддршка.Ако не сме на платформата цело време,ние сме тука 24 часа за да контролираме се што случува на платформата”, вели Сашо Трајановски од Хидробиолошкиот завод.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство