Одложено рочиштето за „Тендери“ поради отсуство на претседателот на Советот

Од:

Одложено е рочиштето за случајот „Тендери“ на СЈО, кое денеска требаше да се одржи во Кривичниот суд во Скопје.

Одложувањето е поради службено отсуство на претседателот на Советот, Осман Шабани. Следното рочиште е закажано за наредниот петок, 9. ноември, кога ќе сведочат Томе Божинов и Саша Бошев.

Во случајот „Тендери“ првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, за злоупотреби со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Застаре случајот „Тендери“ во кој беше обвинета Канческа-Милевска

Катерина Ѓуровски

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост