Одложено рочиштето за „Пуч“, Јанева до судот: Како не ви е срам!

Од:

Жестока расправа на рочиштето за случајот „Пуч“ во кој обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откако судијката Љубинка Башеска истакна дека поради немање на безбедносни сертификати на две од поротничките, кои доаѓаат како замена на поротничката Олга Крстевска, која како што кажа судијката по своја волја е изземена од постапката, судењето се одложува на неопределено време.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева побара од Башеска сите во судницата да се идентификуваат со безбедносен сертификат, со цел да не дојде до повторно одложување, но судијката одби.

„Еднаш во вашата кариера да бидете транспарентни, ја злоупотребувате должноста, цела година ја манипулирате јавноста, како не ви е срам“, рече Јанева.

Откако таа и адвокатот Медарски побараа судијката Башеска да се изјасни дали сведокот е повикан на главната расправа, таа во извештајот запиша дека го навредувале судот и се закани дека ќе ги санкционира.

„Судот ја опоменува обвинителката Катица Јанева, која без дозвола на судот вика и го нарушува редот“, рече судијката и запиша во извештајот.

Според Башеска, 6 рочишта биле одложени поради отсуство на обвинетите, на што Јанева одговори дека лаже, бидејќи неколку рочишта се одложени поради тоа што судот не ги доставил доказите до Специјалното јавно обвинителство.

Специјалната јавна обвинителка ја праша судијката зошто било одложено и минатото рочиште, бидејќи според законот мора да има резерва поротници, а судијката кратко одговори дека тоа е небитно.

Кога лидерот на СДСМ, Зоран Заев побара збор како обвинет во случајот, Башеска и записничарот ја напуштија судницата без да му дадат збор.

Александар Тодески

 

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска