Одложена затворската казна на Јанкулоска за „Тенк“

Од:

Четиригодишната казна затвор за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е одложена – ќе се чека на Врховниот суд да одлучи по барањата за вонредно преиспитување на пресудата.

Јанкулоска беше осудена на 6 години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“, а скопска Апелација ѝ ја намали казната на 4 години. Таа на први јули требаше да се јави на издржување на затворската казна.

Од Основниот кривичен суд информираа дека го примиле решението од Врховниот суд со кое се уважува барањето на Јанкулоска за одлагање на извршувањето на казната затвор за случајот „Тенк“.

„Во решението е наведено дека,  извршувањето на казната изречена со пресудата на Основниот  кривичен суд – Скопје од 08.10.2018 година, а потврдена и преиначена во делот на казната со пресуда на Апелациониот суд –Скопје од 25.03.2019 година со која Г.Ј. е огласена за виновна за кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 ст.5 в.в со став 1 в.в со член 23 од КЗ  и осудена на казна затвор во траење од 4 години се одлага се до одлучување по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда од страна на Врховниот суд на РСМ“.

Слична пракса највисокиот суд имаше и за експремиерот Владо Бучковски во предметот за набавката на тенковските делови. Тој не отиде во затвор со правосилна судска пресуда, бидејќи врховните судии тогаш му го уважија барањето за времена мерка забрана за извршување на санкцијата, дури судот не одлучи за вонредното преиспитување на пресудата. Подоцна Врховниот суд одлучи да го врати предметот на судење од почеток.

Владо Бучковски, ексначалникот на Генералштабот на АРМ, Методи Стамболиски, Ацо Ѓурчевски, и други лица, беа осудени дека ја злоупотребиле службената положба при набавките на резервни делови на армиските тенкови „Т55” и го оштетиле буџетот за над 2 милиона евра. Бучковски требаше да одлежи 2 години затвор, откако Апелација ја објави правосилната пресуда. Предметот за Бучковски трае 12 години и сè уште се суди во Кривичниот суд.

 

Би можело да ве интересира

Јанкулоска: Нема потреба од опсада на зградата во која живеам, ни на крај памет не ми паѓа да бегам

Кристијан Ландов

Јанкулоска за „А1он“: Дома сум, кој сака нека повели на кафе

Кристијан Ландов

Груевски: Заев вршеше притисок врз судовите, одлуката на Врховен за „Тенк“ не е изненадување

Кристијан Ландов

Мицкоски во одбрана на Јанкулоска: Горде е осудена без докази бидејќи не одбра да биде слуга на Заев

Кристијан Ландов

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд и ја потврди казната за случајот „Тенк“

Кристијан Ландов

Врховен му ја одби жалбата на Вангеловски за неговото разрешување од функциите

Кристијан Ландов