Одложена седницата на Советот на јавни обвинители за „Сопот“ и „Пуч“

Од:

За денеска закажаната седница на Советот на јавни обвинители на којашто требаше да се расправа за предметите „Сопот“ и „Пуч“ е одложена за во четврток во 11 часот.

Тоа беа предметите кои претседателот на Советот, Петар Аневски не ги ставаше на дневен ред, но сега се закажа седница по барање на членови на Советот.

За „Сопот” се осудени 11 жители на ова село со вкупно 150 години затвор под обвинение дека поставиле мина од која загинаа двајца полски војници.

На „чекање“, како што објави А1он беше и случајот „Пуч“ над кој СЈО воспостави надлежност, но доказите не се отстапуваа на СЈО.

Специјалното обвинителство во јануари го повлече „Пуч“ објаснувајќи дека во истрагата за „Тврдина“ дошле до докази кои се целосно спротивни на она што е прикажано во „Пуч“.

Би можело да ве интересира

Владата го утврди Предлог – Законот за Советот на јавните обвинители

Застој во постапката: Советот не добил ниту една пријава за Државен јавен обвинител

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ