Одложена одлуката за екстрадиција на Грујоски и Бошкоски од Грција

Од:

За 13 декември е одложено рочиштето на Основниот суд во Солун на кое треба да се добие одговор на барањето на Министерството за правда на Република Македонија за екстрадицијата на бегалците Горан Грујоски и Никола Бошковски, двајцата обвинети во предметот на СЈО – „Тврдина 2“

Денешната расправа беше одложена поради отсутност на адвокатка од тричлениот адвокатски тим на Грујоски и Бошкоски, од една страна, и некомплетираниот превод на документацијата испратена од македонското Министерство за правда, од друга страна.

Дотогаш се очекува судот да ги добие преводите на документите, испратени од македонското Министерство за правда, што според неофицијални информации биле на француски јазик, а за да се одржи рочиштето морале да бидат преведени на грчки јазик.

Грујоски и Бошковски остануваат во притвор во затвор во непосредна близина на Солун.

Двајцата притворени поранешни фунцкионери во УБК, во петок треба повторно да излезат пред судот во Солун, каде ќе се оддржи третото продолжение на рочиштето за фалсификуваните патни исправи со кои беа фатени на 18 октомври на аеродромот во Солун.

Овој процес, што е независен од екстрадицискиот, досега двапати беше одложуван, бидејќи грчкиот суд неможеше да обезбеди преведувач кој би можел да преведува од македонски на грчки јазик и обратно.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов