Одбиени кривичните пријави на Панчевски за претресот во неговиот дом

Од:

Јавното обвинителство на Република Македонија ги отфрли кривичните пријави за десет службени лица од МВР и СЈО во врска со претресот на поранешниот претседател, а сега судија во Основниот суд Скопје 1 Скопје Владимир Панчевски и неговиот дом.

– Постапувајќи по поднесени три кривични пријави против десет службени лица, надлежен обвинител оцени дека во дејствијата на пријавените нема битни елементи на кривични дела наведени во пријавите, ниту на други дела што се гонат по службена должност и со Решение ги отфрли пријавите, се вели во соопштението од ЈОРМ.

Подносителот на пријавите судија од Основниот суд Скопје 1 – Скопје во обвинителството поднел три кривични пријави против службени лица од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникации од кои за десет лица за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, за три лица и за кривично дело – Противправно присвојување на предмети при претрес и во постапка на извршување

– Со цел да се проверат наводите во кривичните пријави, надлежниот обвинител покрај материјалните докази, го испита и подносителот на кривичните пријави во својство оштетен и едно од осомничените лица. Според прибавените докази, Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникации во тек на истражна постапка, доставило барање за издавање на наредба за претрес на дом и лице, како законски предвидено истражно дејствие. Со оглед на тоа што лицето за кое е побаран претрес е судија во Основниот суд Скопје 1 Скопје, а заради постоење на висок ризик од нарушување на тајноста на дејствието и на предистражната постапка, барањето за издавање на наредба било поднесено до Основниот суд – Гевгелија, што е во согласност со воспоставената практика на Европскиот суд за човекови права, се појаснува во соопштението.

Обвинителството утврдило и дека истражните дејствија на пријавените биле преземени согласно Законот за кривична постапка. При тоа оштетениот ги искористил правните лекови. Надлежниот обвинител оценил од кривично правен аспект не произлегува дека пријавените направиле било какви злоупотреби при спроведување на истражното дејствие.​

Би можело да ве интересира

Апелација го одби барањето на Панчевски за изземање на Велешкиот суд

Жарко Настоски

Панчевски се бара со потерница

Кристијан Ландов

Полицијата не може да го пронајде Панчевски, за кого судот одреди притвор

Кристијан Ландов

Кривичен суд го доби решението за суспензија на Панчевски, но тој не се појави да го подигне

Татјана Ташкова

На судијата Панчевски му се заканува суспензија поради обвинението за АКМИС-от

Васко Маглешов

Судијата Владимир Панчевски осомничен за 2 кривични дела

Ана Ололовска