Во организација на Федерацијата на фармерите и Мрежата за рурален развој денеска во битолското село Могила ќе биде одбележан 15 Октомври – Меѓународниот ден на руралната жена.
На Манифестацијата, која има за цел да го истакне значењето на улогата на жената во земјоделството и руралниот развој, ќе присуствуваат жени од Македонија, но и од регионот, како и претставници на научни, образовни и други институции кои соработуваат со руралното население.
Оваа година, како што информираат организаторите, настанот ќе биде од хуманитарен карактер и собраните средства ќе бидат донирани во Црвениот крст на РМ.