Музејот на македонската борба денеска ја одбележува 110-годишнината од смртта на познатиот македонски револуционер, Ѓорѓи Сугарев.
Покрај потсетувањето на најзначајните моменти од животниот пат на Сугарев, посетителите ќе можат да ја видат и неговата восочна фигура која ќе биде изложена во холот на Музејот.
Дел од програмата ќе биде и проекцијата на документарниот филм за битолскиот војвода.
Одбележувањето на 110-годишнината од смртта на Сугарев е во рамки на Годишната програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и личности на Собраниетона Република Македонија.
Изложбените материјали ќе бидат поставени две недели.