Одбележани 75 години од формирањето на тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов“

Од:

Седумдесет и пет години од формирањето на Тиквешкиот партизански одред “Добри Даскалов” беа одбележани денеска во Кавадарци. Делегации положија свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци изграден на висорамнината Витачево, кај селото Бојанчиште. Историски час одржа пензионираниот историчар Петре Камчевски.

Тој појасни дека по долги и сериозни подготовки, на овој ден 1943 година, на планината Вишешница во близина на Полошкиот манастир, била формирана оваа партизанска единица.

-Штабот на одредот го сочинувале Никола Минчев како командант, Лазар Калајџиески бил заменик командант, а Димката Габерот политички комесар и Петар Пепељуговски заменик политички комесар. За кратко време одредот извршил неколку значајни акции со кој му нанел сериозни загуби на бугарскиот окупатор. На 14 мај во Ресава, 17 мај Гарниково, 18 мај Бојанчиште, караулите Шаренка и Порта, Драгожел, Драдња, Шешково, Праведник, Галиште и други, информираше Камчевски, кој до скоро беше директор на кавадаречкиот музеј.

За да го уништи одредот, окупаторот преземал голема офанзива во која вклучил 12.000 војници, полицајци и контрачетници.

– Одредот претрпел сериозни загуби. Загинале Блажо Тодоровски-Чичето, Димката Ангелов-Габерот, Ило Виларов, Пано Мударов, Стојан Крстев и други. Во помали групи поради силниот притисок и постојаните борби, борците се префрлиле во Егејска Македонија, каде се вршеле обука на борците, тактичко-маневарски вежби и политички предавања, а во помали групи се префрлиле во Тиквешијата и вршеле помали акции, соопшти Камчевски.

Со одлука на Генералниот штаб на Народноослободителната војска и партизански одреди на Македонија, од одредите “Добри Даскалов“ и “Сава Михајлов“ и делови од битолскиот одред “Гоце Делчев“, бил формиран батаљонот “Страшо Пинџур“.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење