Одбележани 111 години од смртта на Никола Карев

Од:

Граѓани од Кочани, Чешиново-Облешево, Пробиштип и Крушево денеска беа дел од одбележувањето на 111. годишнина од смртта на Никола Карев, преседателот на Крушевската република.

Сите заедно се собраа пред споменикот на Карев кај селото Тркање, од каде заминаа во Свиланово, каде големиот идеолог на Македонската револуционерна организација загина на 27 април 1905 година, откако претходно преноќил во селото Рајчани, враќајќи се од Бугарија.

На споменикот на Карев кај Тркање дојдоа и членови на неговото семејство од Крушево, припадници на Македонското патриотско здружение „Тодор Александров“ од Битола, градоначалниците на Кочани и Чешиново-Облешево Ратко Димитровски и Костадин Личков, како и пратеници од Кочани и Штип Иван Иванов и Никола Мицевски.

Би можело да ве интересира

Седумдесет години од пренесувањето на останките на Никола Карев во Крушево

Ковачевски оддаде почит на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република

Крушево му оддаде почит на претседателот на Крушевската Република

А1он

Разрешена директорката на гимназијата „Никола Карев“

Ана Ололовска

ВИДЕО: „За последиците не ви гарантирам“, директорката на „Никола Карев“ предупредува, но вели дека го поддржува протестот на учениците

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Учениците од „Никола Карев“ следат настава со ракавици и јакни, за директорката тоа е нормално

Кристијан Ландов