Крушево му оддаде почит на претседателот на Крушевската Република

Од:

По повод 115-годишнината од смртта на првиот претседател на првата Република на Балканот, Никола Карев, денеска беа положени свежи цвеќиња пред неговиот споменик и му беше оддадена почит на истакнатиот македонски револуционер.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски и директорката на основното училиште „Никола Карев“, Оливера Чавкароска, положија свежи цвеќиња пред споменикот на Карев во Крушево и му оддадоа почит на големиот македонски херој.

Според Христоски, вонредната состојба не може да спречи да се оддаде почит на истакнатиот македонски револуционер.

– Оваа година вонредната состојба и кризата со коронавируост не нѐ спречија да оддадеме почит на нашиот херој и на првиот претседател на Крушевската Република. Одбележуваме 115 години и, овој ден заедно со животното дел на Карев, нека бидат водилка во нашата работа за граѓаните на Крушев за поубав живот во државава, рече Христоски.

Секоја година Крушево и основното училиште „Никола Карев“ организираат приредба за одбележување на патрониот празник на основното училиште, но поради вонредната состојба и за почитување на мерките и на препораките за физичко дистанцирање, годинава таквата приредба не се одржа.

Би можело да ве интересира

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Загинатите кај Крушево се од едно семејство – мајка и дете починаа, таткото и две деца повредени

СДСМ: Зечевиќ со млади социјалдемократи на коњички марш во Крушево

Седумдесет години од пренесувањето на останките на Никола Карев во Крушево

Солистички концерт на пијанистката Даница Стојанов во Крушево

Горан Наумовски

Извлечен брачен пар кој со возило заглавил во снежните наноси во крушевско

Катерина Ѓуровски