Одбележана годишнината од смртта на Никола Карев

Од:

Во месноста Свиланово недалеку од кочанското село Рајчани на спомен обележјето на местото каде што загина Никола Карев, е одбележана 108-та годишнина од неговата херојска смрт.

Преставници од Локалната самоупорава на општина Чешиново Облешево заедно со градоначалникот Костадин Личков предполаднево го посетија спомен обележјето на Карев и положија букети цвеќе. И граѓанската асоцијација за рекреативно движење „ГАРД“ од Кочани од изутринава преку неколку села во овој дел на Осоговијата замина пеш до месноста Свиланово за да се поклонат пред спомен обележјето на Никола Карев.

Првиот претседастел на првата Република на Балканот, Никола Карев загина на денешен ден 1905 година кај месноста Свиланово недалеку од село Рајчани, Кочанско во нерамна борба со бројниот турски аскер на пат од Бугарија кон родното Крушево.

Претставници на локалната самоупрва на Општина Кочани и на училиштето што го носи неговото име положија букети цвеќе на споменикот на Никола Карев во паркот на револуцијата во Кочани и на споменикот на Карев кај селото Тркање Кочанско.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

Орце Костов

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

Орце Костов

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ