Во месноста Свиланово недалеку од кочанското село Рајчани на спомен обележјето на местото каде што загина Никола Карев, е одбележана 108-та годишнина од неговата херојска смрт.
Преставници од Локалната самоупорава на општина Чешиново Облешево заедно со градоначалникот Костадин Личков предполаднево го посетија спомен обележјето на Карев и положија букети цвеќе. И граѓанската асоцијација за рекреативно движење „ГАРД“ од Кочани од изутринава преку неколку села во овој дел на Осоговијата замина пеш до месноста Свиланово за да се поклонат пред спомен обележјето на Никола Карев.
Првиот претседастел на првата Република на Балканот, Никола Карев загина на денешен ден 1905 година кај месноста Свиланово недалеку од село Рајчани, Кочанско во нерамна борба со бројниот турски аскер на пат од Бугарија кон родното Крушево.
Претставници на локалната самоупрва на Општина Кочани и на училиштето што го носи неговото име положија букети цвеќе на споменикот на Никола Карев во паркот на револуцијата во Кочани и на споменикот на Карев кај селото Тркање Кочанско.