Пред Спомен-куќата на Мајка Тереза денеска со неколку креативни рабтилници беше одбележан 1 Јуни, Денот на згрижувачките семејства.
– Се поголем е интересот за ваквиот облик на вонинституционална социјална заштита и верувам дека во наредниот период Владата ќе презеде насоки за зголемување на субвенциите на овие семејства бидејќи дефинитвно овој вонинституционален механизам вродува со плод и децата барем добиваат можност да почувствуваат што значи семејство, изјави заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими кој присуствуваше на настанот.
Сузана Таневска Пауновска од Црвениот крст на град Скопје посочи дека прават се децата да ја почувствуваат хуманата димензија на Црвениот крст.
– Имаме мобилни тимови на волонтери кои секојдневно работат со овие деца преку различни креативни работилници, најразлични посети на Зоолошка градина, културни манифестации, кино и театар. Правиме се овие деца навистина да ја почувствуваат хуманата димензија на Црвениот крст, а секако и да им оддадеме голем респект на сите оние семејства коишто ги отвориле своите врати, рече Пауновска.