Од возила во движење пукано врз две лица, едно повредено

Од:

Неколку лица од три патнички возила синоќа во 23.35 минути пукале кон Ш.А и К.А, при што К.А. се здобил со прострелни рана во ногата.

Настанот во полиција синоќа околу 23.35 часот го пријавил Ш.А. според кого на патот од Сарај кон село Љубин лице од село Грчец заедно со други лица со три патнички возила пукале кон пријавителот и кон К.А. кој бил повреден во ногата. По инцидентот напаѓачите избегале кон село Грчец.

Во истото време Б.Љ. пријавил дека на истата локација физички бил нападнат од страна на неколку непознати лица при што се здобил со видливи повреди и е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов