Од утре заладување со врнежи од дожд и снег

Од:

Утре во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со засилен југоисточен ветер. Попладне и во текот на ноќта кон вторник, под влијание на краткотраен, но интензивен влажен бран ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта во источните.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

– Во западните делови се очекува на повеќе места да наврнат од 10 до 15 литри на метар квадратен, а во источните локално и околу 20 литри на метар квадратен. Можна е и ретка појава на грмежи. Од вторник попладне ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, соопшти УХМР.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски