Од утре заладување и северен ветер

Од:

Во текот на утрешниот ден ќе има повремени врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет, особено во западните делови. Кон крајот на денот под влијание на продор на многу студена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, а повремено и силен северен ветер, кој во наредните денови ќе предизвика значителен пад на температурите, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според УХМР, особено силен ветерот ќе биде в понеделник, кога повремено брзината ќе достигнува и над 80 километри на час.

Во понеделник и среда ќе има и повремени слаби врнежи од снег.

Утринската температура ќе биде најниска во среда кога се очекува да се спушти од -12 до -3, а дневната до среда ќе биде во интервал од -4 до 5 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски