Од утре врнежливо и постудено време

Од:

Во наредните два дена подрачјето на државава ќе биде под влијание на циклонска активност што ќе услови претежно облачно време со врнежи од дожд.

Пообилни врнежи ќе има утре, особено во источните делови,  локално со над 30 литри на метар квадратен, кога повремено ќе дува и засилен јужен ветер, а ќе има услови за ретка појава на грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. На повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.

Од сабота ќе има заладување со северен ветер и повремени врнежи од снег на повисоките места. Во недела попладне и во понеделник ќе има преодно стабилизирање, но ќе се задржи студено и ветровито време. Дневната температура ќе се движи од два до осум степени.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска