Од утре студени утра со температури под -15 степени

Од:

Стабилно и суво време со утрински температури под нулата се очекуваат од утре кои на повисоките места и на планините ќе се спуштат и под -15 степени.

Утринските температури според најавите од УХМР утре ќе се движат од -12 во Маврово, -10 во Берово, -8 во Крива Паланка, – 6 во Тетово, Прилеп, Свети Николе, – 5 во Скопје, Охрид, Штип и Струмица, – 4 во Демир Капија и – 2 во Гевгелија. Температурата ќе остане под нулата и во текот на денот во Маврово – 5 и Берово – 2 степени.

Максималната температура утре ќе достигне до 6 степени во Гевгелија. Во Скопје ќе биде три степени.

За новогодишната ноќ времето ќе биде вредро и многу студено со температура околу – 10 степени.

Дневните температури од недела ќе бидат во благ пораст и ќе се движат од 4 до 9 степени, во понеделник од 5 до 10, вторник од 6 до 11 и среда од 3 до 9 степени. Утринската температура во недела ќе се движи од -14 до -6, во понеделник -12 до -5, вторник од -11 до -4 и во средба од -8 до 0 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски