Од утре се укинуваат квотите за лековите

Од:

Граѓаните од утре ќе можат да добијат лек што им е препишан на рецепт од која било аптека во државата и во кој бил ден во месецот. Од утре се укинуваат квотите за лековите и се воведува нов електронски систем во кој ќе се регистрираат граѓаните кои подигнале лек на рецепт.

На денешната прес-конференција во Владата, директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев истакна дека оваа мерка ќе им донесе бенефит на сите граѓани во земјава.

На прес-конференција на која присуствуваа и премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и вториот директор на Фондот за здравствено осигурување Охран Рамадани, Дончев нагласи дека со новиот систем на работа сите аптеки во државата ќе бидат во еднаква позиција. Постарите и изнемоштени лица, малолетните и оние лица кои поради некоја спреченост нема да можат да ги подигнат лековите, нема потреба да стравуваат дека ќе останат без лекарства, рече Дончев.

Со новата мерка е предвидено блиско лице на овие категории граѓани да може во нивно име да го земе лекот на рецепт. Тој нагласи дека со оваа мерка ќе се релаксира атмосферата во која работат и лекарите и аптекарите и ќе се овозможи еднаква работа за сите аптеки.

-Граѓаните нема да имаат потреба да создаваат домашни залихи затоа што може да земат лек, секогаш кога тој им е потребен. Се елиминираат редовните турканици во лекарските ординации и апкети во првите денови од месецот. Работата на лекарите и аптекарите ќе се рационализира и поедностави според здравствените потреби на пациентите. Ова подразбира подобри услови за работа и порелаксирана атмосфера за лекарите, аптекарите и пациентите. Ќе се намалат и барањата за рефундирање на лек, рече Дончев и додаде дека ќе биде растеретена и администрацијата на фондот.

Нагласи дека Фондот и граѓаните ќе имаат транспарентен увид во реално време за евентуални недостатоци во распределбата на лековите.

-Со оваа мерка децениските недостатоци на недостиг на лекови на товар на Фондот засекогаш заминуваат во историјата. Граѓаните ќе можат секогаш од која било аптека по сопствен избор да подигнат лек од позитивната листа на товар на Фондот, рече Дончев.

Појасни дека процесите и досега течеа, но досега имаше ограничувачки фактор односно горна граница на можна потрошувачка по аптека.

-Тоа што го правиме во овој момент е ја елиминираме таа горна граница каде што на еден начин нема лимит за тоа колку може една одредена аптека да продаде лекови односно да ги даде лековите на товар на Фондот до граѓаните. Значи процесите се исти како што беа досега со елиминација на горната граница на максимална продажба на лекови во име на Фондот од секоја поединечна аптека, рече Дончев.

Министерот Филипче потсети дека оваа мерка почнала да се спроведува како пилот проект во туристичите места во земјава за време на летниот период – во Охрид, Струга, Гевгелија, Ресен и Дојран, а сега во втората фаза се проширува на ниво на целата држава.

-Со оваа мерка нема да има повеќе турканици, нема да има повеќе нетрпение, нема потреба граѓаните да создаваат домашни аптеки во страв де не останат без потребните лекови. Ова е само еден дел од мерката реформи за подобрување на здравствените услуги, рече Филипче.

Премиерот Заев нагласи дека мерката е многу важна затоа што отстранува една тешкотија со која живееја граѓаните. -Верувам дека заедно со пакетот мерки во здравствениот систем ќе обезбедиме поквалитетно здравство за сите, затоа што лекарствата и аптеките се една проблематика , но генерално севкупно целиот здравствен систем е меѓу првите три-четири приоритети, кои очекуватаа подобрувања, рече Заев.

Дончев напомена оти ваквата мекра има можност да се спроведе поради растот на приходите во Фондот за здравство. Нагласи дека во последните две години има очигледен растот на приходи во Фондот.

-Бидејќи ние ги добиваме нашите средства од придонеси од плата на граѓаните, единствен заклучок е дека платите растат и вработувањата растат односно дека има зголемена економска активност, рече Дончев.

Импактот што ваквата мерка ќе го има врз буџетот, премиерот Заев ја оцени од 100 до 300 милиони денари.

-Секако ние се надеваме дека самите контролни механизми ќе го избалансираат тоа ниво, но чекорот е храбар затоа што Фондот реално е стабилен заради зголемените плати коишто носат и зголемени приходи на двата фонда и на пензискиот и на здравствениот.Таа стабилност е загарантирана. По една милијарда отприлика во буџет со ребалансот и државата дополнува во делот на Фондот, додаде Заев.

Појасни дека сега при земањето на лекот граѓанинот ќе се легитимира со лична карта, а Дончев појасни дека тука нема повреда на правата на пациентите, не се кршат законите, дека нивните податоци нема да се скенираат, туку само ќе има еден читач на податоци. Додаде дека Фондот веќе располага со податоците на граѓаните, со нивните матични броеви.

Граѓанин ќе може да подогне рецепт доколку му е измината личната карта, октомври ќе биде преоден месец кога системот ќе се става во погон, а дежурен лекар ќе може да издаде рецепт.

На прашањето колку нови лекови има поставено на позитивната листа Филипче рече дека веќе подолго време Законот за осигурување е во собраниска процедура.

-Требаше да се промени еден дел во однос на ортопедските помагала, еден дел во однос на комисиите коишто се одговорни за промена на позитивната листа на лекови и ние после многу долго време конечно постигнавме една координација и верувам дека во периодот кој што следи веќе ќе помине таа измена на законот со што се менува начинот на којшто се променува позитивната листа на лекови, рече тој и додаде дека по поминувањето на законот ќе се формира комисијата за целосно ревидирање на позитивната листа.

Истакна дека ревизија не значи само ставање нови лекови зашто треба обезбедување на нови буџети тука и ослободување од старите лекови коишто со години се наоѓаат на листата, а веќе во меѓувреме станале премногу евтини.

-Направивме централизирана набавка на скапа биолошка терапија со што на пациентите им обезбедивме над 30 нови молекули и тоа за значајно пониска цена токму заради начинот на набавка повторно после разговорите и преговорите и искуствата коишто ги слушнавме од Светска банка, а ги имплементирала во Црна Гора, рече Филипче.

Најави дека следниот месец ќе има јавна дебата за процесите на јавно-приватно партнерство со цел да се постигне консензус за натамошниот развој на здравствениот систем.

Би можело да ве интересира

Докторите во мали места ќе може да работат без медицински сестри

А1он

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година