Од утре повторно дожд, од понеделник пад на температурите

Од:

Пообилни врнежи од утре, а од понеделник постепено паѓање на температурите и снег на планините, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре, особено во ноќните часови, врнежите од дожд ќе бидат пообилни и наместа ќе достигнат над 30 литри на метар квадратен. Во сабота локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе има услови за ретки грмежи.

Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет ќе се задржи и во недела и во почетокот на наредната седмица. Од понеделник ќе има постепено паѓање на температурите, а на планините ќе паѓа снег.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска