Од утре посвежо време со врнежи од дожд

Од:

Од утре не очекува посвежо време со врнежи од дожд со слаб, а во западните и јужните делови повремено со умерен интензитет. На повисоките планини можен е и повремен снег. Ќе биде посвежо и дневната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Од вторник ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во вторник и среда во попладневните часови пред се на запад ќе има услови и за појава на ретки грмежи. До четврток ќе дува претежно југоисточен ветер, а дневните температури ќе се во интервал од 13 до 21 степени.

Во четврток ќе почне да дува северен ветер кој особено ќе засилува во петок кога и врнежите ќе завршуваат. Во овие денови ќе биде и за степен до два посвежо.

Утрата ќе останат свежи, а малку постудено ќе е утре наутро и потоа се до петок утринските ќе се насекаде позитивни. Во петок со намалување на облачноста утринските повторно ќе се доближат до нулата, сепак во поголемиот дел од земјата се очекува да се позитивни.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски