Од утре пообилни врнежи и засилен ветер

Од:

Македонија утре потпадне ќе биде под влијание на нов влажен бран од запад, кој ќе услови облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни во западните, а околу пладне и попладне во југоисточните и источните делови од земјава. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено во источните делови.

Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови ќе има локални врнежи претежно од снег, но со слаб интензитет.

Од понеделник ќе биде значително постудено со засилен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска