Од утре облачно со повремени врнежи од дожд, ветер и грмежи

Од:

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи, информира Управата за хидрометеолошки работи.

Ќе дува засилен ветер од западен правец, а дневната температура благо ќе опадне. И во наредните два дена во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд, а преодно стабилизирање се очекува в петок кога температурите ќе бидат во пораст.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 10 степени, а дневната од 10 до 23 степени. Во Скопје и околината слично време со утринска температура од осум степени, а дневна до 20 степени.

Нови пообилни врнежи од дожд се очекуваат во деновите од викендот.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски