Од утре нови врнежи

Од:

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавува нов поинтензивен влажен бран проследен со врнежи претежно од дожд, а на повисоките планини во западните делови со врнежи од снег . Локално врнежите ќе надминат 25 литри на метар квадратен.

Во текот на викендот температурите ќе бидат во опаѓање и ќе има слаби врнежи пред се во западните делови од земјата. Од понеделник времето ќе биде значително постудено и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

За денеска, според УХМР, ќе се задржи сончево време со умерена облачност. Зголемена облачност ќе има во западните делови од земјата. Ќе биде релативно топло и умерениот југозападен ветер ќе предизвика дополнително топење на снежната покривка. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени. Во Скопското подрачје сончево со умерена облачност и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне до 11 степени.

Изутрината во 7 часот се измерени – 2 степени Целзиусови во Берово, Битола и Маврово, -1 во Крушево, 0 степени во Тетово, Прилеп и Струмица, 1  во Охрид, Лазарополе и Претор, 2 во Крива Паланка, Дебар, Куманово, 3 Демир Капија, 4 Штип, 6 Дојран.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд, 22 литри на метар квадратен, се наврна во Маврови Анови, 21 Тетово, 12 Лазарополе и Охрид, 11 Дебар, 9 Битола и Претор, 8 Прилеп, 7 Крушево, 5 Тополчани, 4 Скопје, 2 Крива Паланка, Виница, Гевгелија, Берово.  Нависока снежна покривка од 62 сантиметри има Маврови Анови, 58 во Крушево, 17 во Пожаране 5 Претор и  4 во Охрид.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска