Од утре се збогуваме со топлото есенско време.
Од утре не очекува постудено време со дожд и снег на повисоките места.
Времето утре ќе биде облачно со сончеви периоди и ветровито и температури од 13 до 21 степен Целзиусов.
Облачно со врнежи од дожд, на ридско -планинските предели и на планините кои се над 1.000 метри надморска височина во доцните попладневни часови и во текот на ноќта ќе има врнежи од снег, најавуваат од УХМР за во среда.
Во четврток и петок се очекува во текот на денот да биде претежно сончево со локална облачност и студено, со утрински температури од -4°c до 7° степени, а максималните дневни ќе достигнат до 7°односно до 15.