Од утре и во следните денови во западните и северните подрачја на земјава се очекува локален повремен дожд, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во четврток се очекуваат врнежи од дожд на повеќе места, проследени со појава на грмежи, додека во петок ќе има изолирана појава на дожд. Во сабота се очекува да дува засилен северен ветер кој ќе ја спушти температурата.
Температурата ќе се движи од 26 до 30 степени.