Од утре до петок ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, во четврток врнежите ќе бидат пообилни, а ќе има услови за појава на локално невреме и засилен ветер. Позначително опаѓање на температурите ќе има во петок кога на места ќе има услови и за снег.